ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Генерални информации за заштита на приватноста и личните податоци
Стекнувањето доверба и одржувањето на довербата е од суштинско значење за она што ние го работиме.Поради тоа сме навистина посветени на транспарентност во нашите однос и практики за приватност. Било кои лични информации и податоци што ќе ни бидат откриени а се сметаат за лични податоци, ќе бидат обработени само доколку за тоа постои законски основ, односно само за конкретна цел и секако со Ваша согласност во случаи кога е тоа неопходно, и затоа Ве покануваме да се вклучите во сите наши активности со целосна доверба од аспект на заштита на вашите лични и останати податоци. Ние не собираме информации односно лични податоци од деца.
Овој документ е политика за приватност и колачиња и може да ви помогне да ги пронајдете потребните информации за тоа како ние постапуваме со вашите лични податоци, односно колачиња. Прочитајте го внимателно и во целост овој документ за поточно да дознаете кои лични податоци ги собираме,односно како ги собираме, користиме, споделуваме чуваме и откриваме Вашите лични податоци. Нашата политика за приватност и колачиња редовно ќе се менува или ажурира во согласност со нашите активности и потреби за што ќе бидете благовремено известувани.Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте не директно на: dpo@casino-f.com.
Информации за контакт на Контролорот
Макотен дооел Гевгелија согласно Законот за заштита на личните податоци (Службен Весник на РС.Македонија бр.42/2020) е во својство на контролор за личните податоци кои ги обработуваме, освен ако нешто друго во овој документ не е поинаку наведено.
Постојат повеќе начини на кои можете да контактирате со нас, вклучително преку телефон, е-пошта, разговор во живо и објавување. Повеќе детали може да се видат на нашата веб-страница www.casino-f.com
Нашата поштенска адреса е:
Хотел Фламинго Богородица
ул.Граничен Премин Богородица бр.13
1480 Гевгелија
Можете да не контактирате на електронска пошта dpo@casino-f.com или преку нашата поштенска адреса.
Како ги добиваме информациите и личните податоци кои ги обработуваме?
Повеќето лични податоци и информации што ги обработуваме ни се дадени директно од Вас заради една од следниве причини:
- Вие избирате пристап до нашите услуги и ресурси;
- Вие доставувате барање за информации до нас;
- Вие сакате да присуствувате или сте присуствувале на некој настан што сме го организирале.
- Вие аплициравте за работа кај нас;
- Вие ја претставувате Вашата организација.
Податоците што ги собираме се ограничени на видовите информации што обично можат да се најдат на вашата бизнис картичка, и обично но не исклучиво се однесуваат на:
- Вашето име и презиме;
- Наслов/позиција на вашето работно место;
- Името на компанијата/институцијата во која работите;
- Вашата службена адреса за е-пошта; и
- Вашиот телефонски број;
Информации што ги добиваме додека Вие сами пребарувате на нашата веб-страница (прелистување на податоци):
Покрај видовите информации што Вие сакате да ни ги доставите, ние ги добиваме и следниве технички информации, кои под одредени услови сепак може да се сметаат за лични податоци, самостојно или пак кога се комбинираат со други податоци:
- IP адреси и / или имиња на домени на компјутери што ги користите кога ги користите нашите услуги;
- URI (единствен идентификатор на ресурси) адреси на ресурси што ги бара вашиот веб прелистувач;
- Времето на барање;
- Методот што го користи вашиот веб прелистувач за поднесување на барањето до серверот;
- Големината на датотеката добиена во одговорот;
- Нумеричкиот код што го означува статусот на одговорот од серверот (успешен, грешка, итн.); и
- Параметри поврзани со оперативниот систем што го користите.
Користење и споделување на Вашите лични податоци.
Било какви лични податоци што ни ги доставувате, се користат од наша страна за да ви ги обезбедиме највисокиот квалитет на нашите услуги и информации наведени во овој документ. Ние никогаш нема да ги продадеме вашите лични податоци на никого, ниту пак неовластено ке ги дадеме на некој друг на користење. Засега, ние не ги споделуваме Вашите лични податоци со трети лица кои би можеле да го олеснат испорачувањето на нашите услуги на пример. Нашиот план за во иднина е да користиме услуга од трети страни за да Ви испраќаме информации за настани во случај да сте се согласиле за тоа, но ова ќе биде прашање на ажурирана Политика за приватност и колачиња за што навреме дополнително ќе биде објавено соопштение на нашата веб страница.
Било какви лични податоци што сме ги стекнале за време на вашето користење на нашите услуги се користат само за добивање анонимни статистички информации на нашата веб-страница, како и за проверка на нивното правилно функционирање односно подобрување на квалитетот на нашите услуги. Овие податоци се бришат веднаш по обработката. Ние нема да ги споделуваме Вашите информации односно лични податоци со трети лица заради цели на директен маркетинг освен доколку за тоа немаме Ваша експлицитна согласност.
Вашите права за заштита на личните податоци:
Според Законот за заштита на личните податоци, Вие имате права за кои треба да Ве информираме. Правата што Ви се достапни зависат од целта, односно причината за обработка на Вашите лични податоци. Повеќе информации со ова тема можете да најдете на веб страницата на Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk односно да поставите прашање до нашиот офицер за заштита на личните податоци на dpo@casino-f.com или до нашиот државен орган-надлежно регулаторно тело на info@privacy.mk. Во продолжение ќе ги најдете основните односно базичните информации во врска со споменатите права:
1.Право на пристап
Имате право да побарате од нас копии од вашите лични податоци. Ова право секогаш се применува. Постојат некои исклучоци, според законот, што значи дека не секогаш може да ги добивате сите информации што ги обработуваме.
2.Право на исправка
Имате право да побарате од нас да ги исправиме информациите што мислите дека не се точни. Вие исто така имате право да побарате од нас да ги комплетираме информациите што мислите дека се нецелосни. Ова право секогаш се применува.
3.Право на бришење
Имате право да побарате од нас да ги избришеме Вашите лични податоци во одредени околности. Ова право се применува само под одредени услови согласно закон.
4.Право на ограничување на обработката
Имате право да побарате од нас да ја ограничиме, односно прекинеме обработката на вашите лични податоци во одредени околности согласно со законот.
5.Право да се спротивставувате(барање да се прекине целосно со обработката) на обработката.
Имате право да се спротивставувате на обработка само доколку обработката на Вашите лични податоци не претставува дел од нашите законски обврски или е во наш легитимен интерес.
6.Право на преносливост на податоци
Ова се однесува само на информациите што Вие ни ги давате. Вие имате право да побарате да ги пренесеме информациите, односно личните податоци што ни ги давате од една во друга организација(контролор) или да Ви ги дадеме Вам. Правото се применува само ако обработуваме лични податоци засновани на ваша согласност, или во процес за склучување договор во вие самите сте едната страна односно доколку обработката е автоматизирана или ако ги обработуваме вашите информации за цели на спроведување на законски обврски од домен на кривичното право и постапка.
Од Вас не се бара да платите никаква такса за остварување на горенаведените права, освен кога тоа во зависност од Вашето барање е поврзано со особено голем број на операции или активности за што ќе бидете однапред информирани.Во врска со ова редвидени се одредени исклучоци и согласно Законот за заштита на личните податоци.За остварување на Вашите права, согласно посочениот пропис,односно постапување по Ваше Барање,согласно законот имаме рок од еден месец за одговор.
7.Право да се жалите.(Право на приговор)
Ние работиме со високи стандарди кога станува збор за обработка на Вашите лични информации, сепак доколку имате било какви прашања или проблеми, контактирајте не на dpo@casino-f.com и ние ќе одговориме.
Ако сепак во било кој случај останете незадоволни, можете да поднесете жалба за начинот на кој ги обработуваме Вашите лични информации до Агенцијата за заштита на личните податоци на info@privacy.mk
За остварување на вашите правата, можете да поднесете соодветно барање. Обрасците можете да ги најдете овде.
Посетувате настан, учесник сте на лотарија, семинар односно работилница или сте дел од наградна игра
Цел и законски основ за обработка:
Нашата цел за собирање на овие информации, односно лични податоци е да можеме да го реализираме настанот и да Ви обезбедиме соодветна, квалитетна и прифатлива услуга.
Законската основа на која се потпираме за обработка на вашите лични податоци е нашиот легитимен интерес а во одредени околности и Вашата согласност.
Она што ни треба, односно што треба да го знаете во ваков случај е:
Доколку сакате да присуствувате на некој од нашите настани, од Вас ќе биде побарано да ги дадете Вашите информации, односно лични податоци за контакт, вклучувајќи го и името на Вашата организација/институција и доколку Ви се потврди присуството, може да побараме и одредени информации за Ваши преференци и навики доколку се работи за настан кој се држи со физичко присуство. Ние исто така може да побараме плаќање ако има предвидено надомест за присуство,односно учество.
Зошто ни требаат овие информации?
Ние во прв ред ги користиме овие информации за да го олесниме одржувањето на настанот и да Ви обезбедиме квалитетна услуга, но во одредени случаи ги користиме и за исполнување на цели согласно Закон. Исто така ни требаат овие информации односно лични податоци не ретко пати ни требаат за да можеме да Ве комуницираме или да Ви одговориме на некое Ваше барање.
Ние не ги споделуваме овие информации односно лични податоци со никој, и ги бришеме веднаш по завршувањето настанот, освен доколку не постојат законски пречки за тоа.Деталите можете да ги видите во делот за колачиња.
Ние не објавуваме списоци со учесници за настани.
Колку долго го чуваме вашите личи податоци?
Кога ја посетувате нашата веб-страница вашиот прелистувач автоматски испраќа информации до серверот на нашата веб-страница, www.casino-f.com која е привремено зачувана во датотека.Во секој случај детали за рокови за чување можете да видите во делот за колачиња.
За Колачињата(Cookies)
Cookies (“колаче”) се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер односно друг уред при вашата следна посета на нашата веб страна со што се овозможува побрз и поадекватен пристап. Исто така, во одредени случаи запишуваме информации во форма на „Cookies“ на Вашиот компјутер,односно друг уред со кој се приклучувате на , www.casino-f.com со цел да ја приспособиме посетата на интернет страниците според Вашите потреби и навики.
Сите информации кои се меморираат односно чуваат во рамките на „Cookies“ ќе бидат искористени само за потребите на нашата веб страна и тоа на начин на кој Вашата приватност односно лични податоци нема да бидат загрозени.
Со користењето на оваа веб страница www.casino-f.com ВИЕ се согласувате, односно ги прифаќате одредбите кои се наведени во Полтиката за приватност и колачиња на Контролорот.
Зошто користиме колачиња (Cookies)?
На оваа веб страница користиме колачиња (Cookies) од следниве причини:
- За техничко функционирање на веб страницата;
- За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
- За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
- За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (Cookies) на оваа веб страница.
Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Контролорот сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.
Кога ја посетувате нашата веб страна користиме услуга на трета страна Google Analytics да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, но на начин без да може некој да биде идентификуван, ниту е овозможено Google да ги открие идентитетот на оние кои ја посетиле нашата веб страна.
Каков вид на колачиња (Cookies) користиме?
Користиме постојани колачиња (Cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.
Изборот на cookies го правите преку опцијата – Cookie settings, на почетниот екран од web сајтот на Друштвото.
Информации како да ги оневозможите колачињата за сите web сајтови ?
Менито „Помош“ („Help“) во лентата со алатки на Интернет пребарувачот на вашиот компјутер ги дава следниве информации за корисниците:
- Како да го спречите прифаќањето на нови колачиња во пребарувачот;
- Како да го поставите пребарувачот да ве извести кога ќе примите ново колаче;
- Како целосно да ги исклучите колачињата.
Промената на подесувањата на cookie е различна кај секој пребарувач. Можете да најдете детални информации со кликање на https://www.aboutcookies.org (на англиски јазик), што ќе ви даде совети за промена на подесувањата на cookie кај сите современи пребарувачи, или можете да не контактирате на e-mail.
Промена во условите за употреба на Политиката за приватност и колачиња
Политиката на приватност и колачиња повремено може да се менува.Поради тоа, ве молиме, редовно прегледувајте ја со цел да бидете информирани.
Датум на последна измена 20.08.2021 Гевгелија.