ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕОНАДЗОР

Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што Макотен Дооел Гевгелија (во натамошниот текст: Контролор), ги собира од Вас при посета на службените/деловните простории и објекти и начинот како Контролорот ги користи овие податоци.

 

  1. Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?

Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):

  • да се контролира пристапот до објектот (зграда, влез, простории..) и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените во Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;
  • за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и
  • да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад).

Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите/уредите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, со можност и да се препознаат лица.

Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (Во исклучителни околности утврдени со закон, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага).

Камерите за видеонадзор се инсталираат на/во објектите на Контролорот  и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе влезат односно  ќе пристапат до службените/деловните простории (објекти), вклучително и имотот (на пример за паркирање).

Системот со видеонадзор ја опфаќа областа на:  влезните и излезните места на објектите, влезните места во гаража и внатрешниот дел на истата и надворешна површина на објектите(паркинг) како и ходниците во внатрешноста на објектите, односно просториите каде се одвиваат игрите на срека и другите активности кои произлегуваат од дејноста на контролорот.

 

  1. Какви податоци собира Контролорот?

Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што, во просториите на казината каде се одвиваат игрите на среќа и на влезовите се врши и тонско снимање.

 

  1. Кој е одговорен за обработка на податоците?

Контролорот е единствениот субјект кој ја врши обработката на личните податоци  и кое ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Доколку имате прашања во врска со обработката на личните податоци преку системот за видео надзор истите можете да ги поставите на: dpo@casino-f.com

 

  1. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?

Контролорот користи опрема за видеонадзор за:

  • заштита на животот или здравјето на луѓето;
  • заштита на сопственоста;
  • заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата; или
  • обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории.

Затоа, обработката е законска и е согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци(Сл.Весник на Република Северна Македонија бр.42/2020).

Покрај тоа, на влезот и во објектите на Контролорот има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со подробни информации поврзани со вршењето на видеонадзорот, а особено за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.

 

  1. Кој може да ги види моите лични податоци?

До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор кај Контролорот (на пример: членовите на безбедносниот персонал на Контролорот). Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица). До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на менаџментот на Макотен Дооел Гевгелија како Контролор.

 

  1. Како да ги контролирате вашите податоци?

Може да испратите барање на електронска пошта: dpo@casino-f.com односно на адреса: Хотел Фламинго Богородица, Граничен Премин Богородица, 1480 Гевгелија.

 

  1. Можам ли да пристапам до моите податоци?

Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање до Хотел Фламинго Богородица, Граничен Премин Богородица, 1480 Гевгелија, или преку е-пошта до: dpo@casino-f.com.

 

  1. Можам ли да ги менувам моите податоци?

Не е дозволено изменување на записот за видеонадзор односно аудионадзор(тонско снимање).

 

  1. Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?

Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање на електронска пошта на: dpo@casino-f.com  односно на адреса:  Хотел Фламинго Богородица, Граничен Премин Богородица, 1480 Гевгелија),а особено кога ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци, или кога сметате дека на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговиот легитимен интерес. Вие исто така можете да ја блокирате обработка на вашите лични податоции кога сметате дека работењето е незаконско и кога се спротивставувате на бришење на податоците. Сепак, имајте предвид дека блокирањето, односно ограничвањето не е можно во секој случај а особено не во случај на службена истрага во рамки на Контролорот или по барање односно за цели на соодветна постапка согласно закон на надлежен орган или институција.

 

  1. Дали можам да ги избришам моите податоци?

Вие имате право да барате бришење на вашите лични податоци во секое време, со испраќање на барање на: dpo@casino-f.com, односно на  адресата на Хотел Фламинго Богородица, Граничен Премин Богородица, 1480 Гевгелија,кога сметате дека обработката  на Вашите лични податоци е незаконска.

 

  1. Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?

Вашите податоци се чуваат кај Контролорот, освен ако Вие не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.

 

  1. Дали имам право на приговор?

Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на dpo@casino-f.com односно на адреса на Хотел Фламинго Богородица, Граничен Премин Богородица, 1480 Гевгелија.  Кога сметате дека имате легитимни причини во врска со Вашата конкретна ситуација и поднесете барање, Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.

 

  1. Што можам да направам во случај на проблем?

а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта до info@casino-f.com и да побарате да преземе акција.

б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот офицер за заштита на личните податоци на dpo@casino-f.com .

в) Во секое време можете да се обратите,односно да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки во својство на надлежно регулаторно тело.

 

  1. Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор?

Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите односно објектите на Контролорот.

 

  1. Безбедност на личните податоци

Контролорот е целосно посветен на заштита на Вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат Вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме Вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.

 

  1. Колку долго ги чуваме вашите податоци?

Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци најмногу до 30(триесет) денови по вашата посета во нашите простории, односно најмногу до исполнување на капацитетот и техничката можност за чување на податоците на уредите, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.